Велешанец кој користел викенд отсуство од затвор бил приведен откако кај него била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

Според полицијата, на 9 мај околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К. (43) од Велес при извршен преглед, при што била пронајдена и одземена дрога.

Со дополнителни проверки било утврдено дека лицето издржува затворска казна од пет години и 10 месеци во КПУ Идризово, а во моментот користело викенд отсуство.

За случајот бил известен јавен обвинител, а лицето е спроведено назад во затворската установа. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.