Вчеравечер од 20 часот до полноќ, за време на акциска контрола на подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, констатирано е дека Н.Џ.(50) од Битола сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, соопштија од МВР.
Додаваат и дека при контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште.
По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.