Жена на возраст од 43 години вчера претпладне била уапсена во Радовиш, откако претходно физички ја нападнала својата мајка.
Според информациите, инцидентот се случил околу 5 часот наутро во семејниот дом, каде што 43-годишната жена ја нападнала својата 72-годишна мајка.
Жената била спроведена во здравствена установа. За случајот бил запознаен и јавен обвинител.
Од надлежните институции информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
