Лишени од слобода двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, следува пријава

Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје.

Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.