Скопската полиција уапсила двајца 26-годишници осомничени дека минатиот месец во населбата Илинден нападнале 28-годишен жител на Арачиново, му се заканиле со пиштол и му одзеле пари.
Полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје на 8 август ги лишиле од слобода Џ.А. и А.А., двајцата од селото Брест. Тие се сомничат за кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
Според полицијата, разбојништвото се случило на 4 јули, нешто пред 21 часот, во скопската населба Илинден. Осомничените физички го нападнале Б.С. (28) од Арачиново, при што употребиле и дрвен предмет, а потоа му се заканиле со пиштол и му одзеле пари.
По целосното документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против двајцата е поднесена кривична пријава. Тие биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерки на претпазливост.
Во полициската информација не е наведено колкава сума пари била одземена.
