Полови дејствија со деца и детска порнографија

На 26 јули 2025 година, во 16:40 часот, во Гостивар, полицијата од ОВР Гостивар уапсила две лица, А.Ќ. (31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, и нејзината сестра М.Ј. (22) од тетовско. Наредниот ден, 27 јули 2025 година, уапсена била и нивната пријателка Е.И. (23) од тетовско. Апсењето следувало по пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ., кој тврдел дека додека престојувале во Италија, трите жени снимиле и му испратиле видеа со порнографска содржина на кои бил прикажан неговиот тригодишен син.

Лицата се задржани во полициска станица поради полови дејствија со деца и детска порнографија, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно членовите 201 и 193-а од Кривичниот законик.