„Слободен печат“ дознава дека случајот поради кој Миленкоски е уапсен во Србија, а баран со меѓународна потерница од австриските власти, има позадина во безбедносните служби бидејќи станува збор за сомнителен транспорт на висок ерменски функционер, кој со помош на Миленкоски и уште двајца македонски дипломати е извлечен од Ерменија, со приватен авион, што македонската „тројка“ го обезбедила по свои канали.

– Ерменецот во својата земја бил осомничен за злоупотреба на милионски суми, а „спасувачите“ од македонската мисија во Виена, „за оваа шпионско-дипломатска операција по забрзана постапка регистрирале невладино здружение за лица со посебни потреби, наводно за учество на една конференција на оваа тема, објави Коха.

Миленкоски во моментов е во екстрадиционен притвор во Србија по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство, потврди МНР .

Министерстовото за надворешни работи согласно законските надлежности го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен.