Саиф ел-Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен, изјавил извор близок до семејството за Ал Арабија. Информацијата ја пренесе и либиската државна агенција ЛАНА, повикувајќи се на неговиот советник Абдула Отман.

Според истиот извор, четворица напаѓачи го застрелале во неговата градина и избегале од местото на настанот. Засега не е познато кој стои зад убиството.

Саиф ел-Ислам долго време се сметаше за можен наследник на неговиот татко. Во 2021 година најави кандидатура за претседател, но изборите подоцна беа одложени на неодредено време.