Срѓан Лалиќ кој е сведок соработник во судењето на кланот на Веља невоља за првпат прозборе за убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина. Овие припадници на Шкаљарскиот клан за нас се интересни што поседуваа македонски пасош.
Според Лалиќ, Дедовиќ и Стаматовиќ во 2020 година во ресторан пред очите на сопругите биле убиени од извесни Брашновиќ и Лајиновиќ.
Останав во контакт со нив, ми кажаа како лично ги ликвидирале Дедовиќ и Стаматовиќ и некои други детали.По неколку месеци се вратија од Атина, преку Македонија и Косово-откри Лалиќ за првпат.