Во Специјалниот суд во Белград продолжи судењето на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ,Лалиќ и другите обвинети за најтешките кривични дела.

Откако го призна убиството на Глигоријевиќ, Лалиќ призна дека учествувал во убиството на Горан Величковиќ Гокси.

Вељко и Марко не собраа на стадионот, таму бевме Тешиќ, јас, Ѓуриќ, Милош Будимир и детално ни го објаснија планот, како планираат сето тоа да го реализираат.  Следниот ден се сретнавме на стадионот, Тешиќ, Беливук и јас пешки отидовме до паркингот, спроти влезот на автомобилот во нашиот бункер. Имаше „фиат добло“, бело, тоа возило Миљковиќ го позајми од некои помлади фанови. Јас и Милош Будимир влеговме во товарниот дел и се упативме кон куќата во Ритопек, но не кон самата куќа, туку кон ораното поле оддалечено неколку километри – детално објасни како го извршиле киднапирањето.

Главна „улога“ имал Веља невоља.

Беливук го удри неколку пати во главата, му ставив лисици и го ставивме во товарниот простор. По пат го испрашувавме, му ги залепивме нозете и очите. Стигнавме во куќата во Ритопек, влеговме во гаражата и го ставивме во скриена соба. Имаше најлон само на подот, Беливук уште неколку пати го удри по глава. Како што му ја залепивме и устата, тој почна да жубори,  исплука неколку заби. Беше облечен во бела ленена кошула, тексас шорцеви и кафени чевли од велур. Почна испрашувањето, земав клешта и му го скршив ноктот, заканувајќи се дека ќе го скинам ако не ја даде шифрата на „Скај-раскажа детално.