Маж од Охрид е пронајден мртов во својот дом, а полицијата уапси осомничен за убиството во тетовското село Брвеница. Станува збор за 53-годишен жител на селото, кој бил баран со потерница.

Според информациите, денеска (27.03.2026) во 17:20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ж.Г.(53) од Брвеница, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Претходно, во 08:24 часот во СВР Охрид било пријавено дека во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид.

На местото извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција.

По целосно расчистување на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.