На 06.08.2021 во 13.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп непознато возило удрило во пешакот В.П.(55) од Прилеп, по што го напуштило местото.
Во незгодата В.П. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.