Околу 18 часот и 45 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 66-годишниот тетовец М.А. удрило во 22-годишниот тетовец Т.Д. и го напуштило местото. Набрзо потоа возилото било пронајдено. Повредениот пешак пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Увид извршила екипа од Сeкторот за внатрешни работи Тетово.