За време на изведување на пеналот на Хари Кејн, кон голманот на Данска, Каспер Шмајхел англиски навивачи насочи ласерско светло. Англиската фудбалска асоцијација е казнета вкупно со 30 илјади евра и за употребата на пиротехника на нејзините навивачи, како и за недолично однесување за време на интонирање на данската химна.
За потсетување, во финалето на ЕВРО 2020 Англија утревечер од 21 часот во Лондон на „Вембли“ ќе игра со Италија.