Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни тренерот на Рома, Жозе Мурињо со четири натпревари забрана за водење на тимот во Европа следната сезона поради инцидентите кои ги направи во финалето на Лига Европа.
За време и по натпреварот Мурињо го навредуваше и пцуеше англискиот судија Ентони Тејлор, а потоа во изјави за медиумите говореше крајно лошо за судијата на финалниот натпревар во кој Рома загуби од Севиља по пенал.УЕФА го казни Португалецот бидејќи ова не е првпат да прави вакви инциденти.