Утре ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне се очекува локална нестабилност

Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пороен дожд и грмежи и во Скопје

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во одредени делови од котлината, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во среда можни поинтензивни процеси

Во текот на седмицата ќе се задржи топлото време. Во среда на повеќе места се очекуваат променливи и нестабилни временски услови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поинтензивни процеси, пообилни врнежи и ретка појава на град.

Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот и слаб до умерен северен ветер.