Времето во земјава ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои на локално ниво ќе бидат значително пообилни и ќе надминат воден талог од 30 литри на квадратен метар во текот на 24 часа. На планинските масиви врнежите ќе бидат од снег, додека во попладневните часови, под влијание на продор на значително постудена воздушна маса од север, дождот и на некои од повисоките населени места ќе помине во снежни врнежи.
Во текот на денот ќе дува умерен ветер, а во североисточните региони и по должината на Повардарието повремено ќе засилува од северен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 степени, додека дневниот максимум ќе достигне меѓу 5 и 12 степени.
Во скопската котлина ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќните часови ќе се создадат услови за врнежите да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер, при што утринската температура ќе се спушти до 7, а максималната дневна ќе се искачи до 8 степени.
За време на претстојниот викенд ќе продолжи периодот на облачно и врнежливо време под влијание на студениот северен бран. Врнежите во пониските предели ќе бидат мешани од дожд и снег, додека на сите повисоки предели и планини ќе паѓа исклучиво снег.
Според прогнозите, на планините се очекува формирање на нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри, додека на повисоките места таа ќе изнесува од 2 до 10 сантиметри. Врнежите целосно ќе престанат во недела кон крајот на денот, по што од почетокот на следната недела настапува период на суво, стабилно и значително постудено време.
