– Вредностите на средната месечна температура изнесувале 5,4°С во Лазарополе до 11,1°С во Гевгелија и споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури за триестгодишен период (1981-2010), овогодинешните биле повисоки за 2.0°С на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Месец ноември 2021, се карактеризира со период од осум во Охрид и Тетово до 21 во Гевгелија дена со максимална температура над 15,0°С.
Апсолутно најниската температура во текот на месецот била измерена во Лазарополе, на 30 ноември и изнесувала -8,2°С. Апсолутно највисоката максимална температура била измерена на 6 ноември во Гевгелија 25,2°С.
Во месец ноември 2021 година, месечната сума на врнежи варирала од 26mm во Демир Капија до 142mm во Охрид. Врнежите биле застапени во почетокот и кон крајот на месецот. Максималната дневна сума на врнежи од 47mm била регистрирана во Охрид на 29 ноември.
– Споредено со ноемвриската просечна вредност (1981-10), измерената месечна сума на врнежи е 18mm или 26 посто помала од просечната на ниво на држава, наведуваат од УХМР.