Од УХМР потсетуваат дека времето денеска ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер над 60 километри на час од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Сончево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 33 степени.

О Управата најавуваат дека следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен.