ФК Барселона во официјално соопштение објаснила каква е ситуацијата со Лионел Меси, а веќе почнаа лицитациите каде тој ќе ја продолжи својата фудбалска кариера.

Откако шпанскиот тим откри дека најдобриот играч во клупската историја не останува во Каталонија, неколку клубови почнаа да се интересираат за него, а навивачите на ФК Барселона не можат да поверуваат што се случува.

Откако се појавило соопштението од шпанскиот клуб, навивачите постојано доаѓаат до стадионот Камп Ноу во дресови на прекрасниот Аргентинец, оставаат пораки кои се посветени на својот идол или пак само тажно седат и гледаат во стадионот на кој Меси ја помина цела своја професионална кариера.

https://twitter.com/DavidValdearen1/status/1423408330974896128?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1423408330974896128%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsupermen.tocka.com.mk%2Fvesti%2F384539%2Fvideo-navivacite-na-fk-barselona-placat-pred-stadion-zaminuva-lionel-mesi-najgolemiot-vo-istorijata

Деталите за преговорите на ФК Барселона и Лионел Меси треба да ги дознаеме во текот на денов кога на конференција за јавноста ќе се обрати претседателот на клубот.