Од 1.493 место од пред шест месеци, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денес е на 1.594 место. Рангирањето го врши Шпанскиот национален истражувачки совет, мерејќи ги научните достигнувања на вработените во универзитетот и нивното влијание во светот.

УКИМ е единствениот македонски универзитет меѓу првите 3.700 универзитети во светот. Следен на листата е штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, кој се наоѓа 3.711 место.

Во соседството најдобро рангирани се: Националниот универзитет во Атина на 256 место; Универзитетот на Љубљана на 332 место; Универзитетот на Белград на 447 место; Универзитетот на Загреб на 571 место; Софискиот Универзитет Св. Климент охридски, на 988 место; Универзитетот на Сараево на 1.677 место,, Универзитетот на Црна Гора на 1.937 место; и Универзитетот на Тирана на 3.784 место.