Промената се случи во моментот кога Грција го надмина прагот од 10.000 смртни случаи од ковид-19, а по потегот овој месец за укинување на ограничувањата за посетителите од земјите на ЕУ, САД и Британија. На посетителите од овие земји им е дозволен влез во Грција, без да поминат една недела во карантин, се додека се вакцинирани или имаат негативен тест за коронавирусот.

Грција ги укинува ограничувањата за посетителите од Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Руанда, Русија и Сингапур, се вели во соопштението на Министерството. Посетителите од Србија, Израел и Обединетите Арапски Емирати, исто така, ќе бидат ослободени од условот за карантин од денеска.

Премиерот Кирјакос Мицотакис рече минатата недела дека пандемијата покажува знаци на стабилизирање и тој ги потврди плановите за отворање на виталниот туристички сектор на 15 мај. Грчката влада вели дека околностите се подобри ова лето отколку лани, благодарение на широко распространетите тестирања и вакцинацијата на малите острови и меѓу туристичките работници. Властите пријавија 1.400 нови случаи и 57 смртни случаи од КОВИД-19 во неделата. Пандемијата досега предизвика вкупно 333.129 инфекции во Грција и 10.007 смртни случаи.