Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од вторстепениот суд.
– Првостепената пресуда е укината и случајот е вратен на повторно судење пред првостепениот суд, велат од Апелација.
Ѓорѓиевска е осудена во јули 2020 година за помагање во извршување на убиството кое го извршил Али Фуркан кој е во бегство. Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во автомобил, а подоцна и да го закопаат во атарот на селото Љуботен.
Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа беа најдено остатоци од неговото тело. Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска со месеци бараше надлежните да го пронајдат момчето.