Укината пресудата за „Меѓународен сојуз“, каде обвинет и осуден беше Бојан Јовановски-Боки 13. Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фрозина Ташевска-Ременски. Ваквата одкука доаѓа поради суштествени повреди, а по жалбите кои беа поднесени од обвинетите, пренесе Скопје1.
„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-153/22, во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 24.01.2024 година, а по извршено советување и гласање на ден 02.02.2024 година, донесе пресуда со којаделумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. од С. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година:
– ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и
– ја преиначи во осудителниот дел – делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од 1-една година“, вели Апелација.
Апелација образложува за предметот.
„Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите на обвинетите Б.Ј., Ј.Е., Х.Б. и обвинетото правно лице М.С., сите од С. и по повод жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 годинапод став I од изреката по однос на обвинетиот Б. Ј. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.45 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, обвинетата Ј. Е. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетата Х. Б. од С., за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетиот М. Ј. за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик и обвинетото правно лице А.З.Ц.О.С.З.К- М С. од С.– Ц., за кривично дело Измама од чл.247 ст.8 в.в. ст.4 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, ја укина и предметот во тој дел го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, додаде Апелација.
Претходно, Боки 13 пред Апелација укажа дека бара фер судење, а не милост.