Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот фејсбук-профил информираше дека македонските државјани ќе можат да патуваат за Бугарија.
Тоа е возможно само доколку патниците имаат и приложат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан Ковид, што важи од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.