Од складиште во Сиднеј непознато лице украло 42.000 антигенски тестови за коронавирусот, соопштија денеска австралиските власти.
Портпаролот на полицијата изјави дека крадецот вчера попладне влегол во магацинот во предградието Маскота и „ги зел тестовите“, не наведувајќи други детали.
Истрагата за кражбата е во тек.
Властите на Нов Јужен Велс го осудија инцидентот и соопштија дека кражбата се случила во време кога Австралија се соочува со недостиг на брзи тестови.
Овие тестови во Австралија се продаваат за 22 американски долари (околу 20 евра).
Австралиските синдикати на почетокот на минатата недела се заканија со штрајк доколку на ранливите категории работници не им се обезбедат бесплатни брзи тестови, меѓутоа, австралискиот премиер Скот Морисон, не ги исполни нивните барања.