Патниците во Шведска повеќе нема да мора да покажуваат негативен тест за Ковид-19 пред да влезат во земјата, соопшти денеска владата.

Шведска воведе правило за тест за ковид на 28 декември минатата година во обид да ја забави позаразната варијанта омикрон.

Оттогаш, Шведска постојано бележи нови рекордни дневни бројки на заразени со сега целосно доминантната омикрон варијанта. „Се смета дека патниците повеќе не претставуваат посебен ризик за ширењето на омикрон во Шведска“, се вели во соопштението на владата.

Шведска забележала повеќе од 20.000 нови инфекции во изминатите неколку дена, приближно двојно повеќе од рекордниот број во претходните бранови. Бројот на заразени го оптоварува здравствениот систем, но не во иста мера како пред воведувањето на вакцинацијата.