Toj рече дека единицата ќе биде составена од 3.000 граничари, 3.500 припадници на Националната гарда и 2.000 полицајци, пренесува „Ројтерс“.
-Ќе дежура и авијацијата (од) Министерството за внатрешни работи, особено 15 хеликоптери, кои ќе овозможат мобилност и по потреба ќе ги префрлат нашите сили до границата, додаде Монастирски.
Продолжуваат тензиите на границата меѓу Полска и Белорусија, а официјална Варшава го обвинува режимот на Александар Лукашенко дека води „хибридна војна“.
Лукашенко денеска се закани дека ќе го запре транзитот на гас во Европа, преку транснационалниот гасовод Јамал-Европа, доколку Европската унија ги прошири санкциите против Минск.