Руски проектил денеска погоди населено место во еден украински град недалеку од нуклеарната централа Пивденнукрајинск, при што беа повредени 12 цивили и се зголемиа стравувањата од нуклеарна несреќа за време на војната во Украина.
Виталиј Ким, гувернерот на регионот Миколаев, на апликацијата Телеграм напиша дека меѓу повредените има четири деца. Во нападот беа оштетени неколку приватни куќи и петкатници во Вознесенск.
Тој град се наоѓа на околу 30 километри од нуклеарната централа Пивденнукрајинск (ПНПП), втора по големина во Украина. Државната компанија Енергоатом, која управува со сите четири нуклеарни централи во Украина, го опиша нападот како „уште еден чин на руски нуклеарен тероризам“.
„Можно е оваа ракета да била насочена кон електраната Пивденнокрајинск, која руската армија се обиде да ја заземе на почетокот на март“, соопшти „Енергоатом“. Русија се уште не одговорила на ова обвинување, а засега нема извештаи за потенцијална штета на електраната.
Украинските власти ги повикаа Обединетите нации и другите меѓународни организации да ги принудат руските сили да ја напуштат Запорожје, втората нуклеарна централа во Украина и најголема во Европа, окупирана на почетокот на инвазијата на 24 февруари. Градот Енерходар, каде што се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, е под постојано гранатирање, а Москва и Киев разменуваат обвинувања за тоа, пренесе Индекс.хр.