Украина верува во САД и завршување на војната
Украина верува во САД, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој ја оцени ја средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа како продуктивна.
„Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната.“
Зеленски не даде изјава во врска со можната испорака на ракети „Томахавк“ од САД, објаснувајќи дека:
„Разговаравме и за ракети со долг дострел и нема да давам никакви изјави за ова прашање. Решивме да не зборуваме за ова бидејќи САД не сакаат ескалација.“
Тој додаде дека гледа на работите реално, истакнувајќи дека Русија се плаши од „Томахавк“ бидејќи знае што можат да постигнат во комбинација со другите украински системи за оружје.
Разговори за воздушна одбрана и стратешки партнери
Зеленски потенцираше дека со Трамп разговарале и за прашања поврзани со системите за воздушна одбрана. Тој посочи дека не било дискутирано за украинските напади врз руските енергетски објекти.
По средбата со Трамп, украинскиот претседател остварил разговори со стратешките партнери на Украина, вклучувајќи ги и европските лидери, информираа украинските медиуми.