Во Киев започнаа работите на демонтирање на споменикот на „руско-украинското пријателство“.
Големиот споменик блиску до реката Дњепар е подигнат во 1982 година за да го одбележи повторното обединување на Украина и Русија.
Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, рече: „Демонтажата започна денеска и планираме да ја завршиме вечерва. Ја отстрануваме бронзената скулптура на двајцата работници, поставена во центарот на главниот град на Украина во 1982 година“.
Русија покажа „варварска желба да ја уништи нашата држава и мирните Украинци“, рече Кличко, пренесува Си-Ен-Ен.