Во украинската Врховна Рада поднесена е предлог изјава со која се бара рускиот претседател Владимир Путин да биде прогласен за воен злосторник, јави Укринформ.
Изготвувач на изјавата е асистентката на народната пратеничка Елисавета Бохутска, пренесе украинската агенција, повикувајќи се на веб-страницата на Врховната Рада.
Текстот на нацрт документот, меѓутоа, допрва треба да биде објавен. Во белешката на нацртот се наведува дека проектот е доставен до раководството на Врховната Рада.