Во Брисел заседава Воениот комитет, највисокото тело на НАТО. Со состанокот претседава американскиот адмирал Роб Бауер, претседател на Комитетот.

На дневен ред се прашања од стратешко значење за Алијансата, вклучително и руската инвазија на Украина.

– Едно може да се каже со сигурност: времето веќе не е наш сојузник, туку непријател кој ја одредува нашата агенда. Наша должност е како одбранбен сојуз да обезбедиме дека секогаш сме подготвени да заштитиме една милијарда луѓе кои живеат во сојузничките земји, да одвратиме и да ги отстраниме заканите од Русија и меѓународните терористички групи, рече Бауер.