Украинските сили беа принудени да се повлечат од центарот на Северодоњецк, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија.
-Непријателот со помош на артилерија изврши напад во Северодоњецк, постигна делумен успех и ги принуди нашите единици да се повлечат од центарот на градот. Борбите продолжуваат, се наведува во соопштението на украинските вооружени сили.
Гувернерот на Луганската област, Сергеј Хајдај, исто така ја потврди информацијата.
-Уличните борби продолжуваат … Русите продолжуваат да го уништуваат градот, пишува Хајдај на Фејсбук.
Според Хајдај, руските сили ја бомбардираат хемиската фабрика „Азот“, каде се кријат цивили, како и пречистителни станици во Северодоњецк.