Последните анализи спроведена од „Амнести интернешенал“ потврдуваат широка употреба на забранета касетна муниција во борбите за Харков, во североисточна Украина.

Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ пишува дека во реонот на Харков се убиени стотици цивили токму при неселективно гранатирање извршено од руските сили со употреба на касетна муниција.

Експертите на „Амнести интернешнал“ на чиј извештај се повикува „Би-Би-Си“ тврдат дека се пронајдени докази дека руските сили повеќепати користеле касетни бомби „9N210 / 9N235“, како и распрскувачка муниција односно ракети што по детонацијата исфрлаат помали мини што потоа експлодираат во временски интервали.

Според извештајот, обезбедени се видео-снимки од пет одделни локации каде е регистриран карактеристичниот, симетричен ефект на напади извршени со касетна муниција врз населени области на Харков.

Снимките ги анализирале тројца експерти за оружје, сите согласни дека се работи за напади извршени со контраверзното оруќје, јави „Би-Би-Си“.