Украина нема да го испрати својот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.

-Наместо тоа, делегација од украинското Министерство за надворешни работи ќе ја претставува Украина на форумот.

Одлуката е донесена поради загриженоста за дејствијата на Русија и кризата што таа ја создаде во рамките на ОБСЕ.

Олег Николенко, портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, ја критикуваше Русија за постојано уништување на ОБСЕ со злоупотреба на правилото за консензус и за незаконско приведување на тројца= Украинци кои го претставуваа ОБСЕ.

Украина останува посветена на принципите на ОБСЕ и е отворена за соработка со своите партнери за да се врати усогласеноста со завршниот акт на Хелсинки.

Извор: Сител