Украинските сили истрелале ракета со касетна муниција врз градот Шахтјорск, што се наоѓа источно од Доњецк, при што загинало едно дете, а се повредени неколкумина возрасни.
Ракетата била пресретната од противвоздушна одбрана на ДНР, но дел од полнењето експлодирале во градот. Оштетени се десетици куќи.
Шестгодишно девојче загинало при експлозијата, а пет лица се повредени.
Според последните податоци на штабот за територијална одбрана на ДНР, градот бил погоден од касетна муниција „Смерч“.