Украинското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува борбите да продолжат и дека руските сили ќе се обидат да влезат во Херсон.
„Вкупно 87 баталјонски тактички групи на противниците се вклучени во составот на воените задачи на територијата на Украина“, објави Министерството на Фејсбук.
Од украинското МО посочуваат дека Русите не запираат со гранатирање и ракетирање на клучните инфрструктурни објекти.
Тие наведоа и дека имало 12 непријателски напади вчера и дека украинските сили успеале да уништат 10 руски тенкови.