Сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици

Во недела, на 5 април 2026 година, во Скопје ќе се одржи улична трка во организација на Сојузот на спортови на градот. Настанот ќе започне во 10:00 часот и ќе се движи по траса од булевар „Илинден“ пред фонтаната Лотус (старт и цел), право по булеварот „Илинден“ до крстосницата со булевар „8-ми Септември“, каде учесниците ќе се вратат полукружно назад до целта.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици за непречено одвивање на настанот.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на патните правци каде ќе се одвива трката, со цел да се обезбеди безбедност и непречен проток на сообраќајот, информираат од Министерството.