Поранешниот фудбалер на Челзи и еден од најдобрите играчи од средниот ред во англиската Премиер лига во свое време, Џон Оби Микел, изјави дека е целосно неприфатливо Манчестер Јунајтед да се наоѓа на 16-тото место на табелата. Според него, моменталните резултати на клубот се далеку под реномето и стандардите што ги бара елитното натпреварување.
Микел смета дека Мајкл Карик нема потребен потенцијал за да биде постојан тренер на клубот од „Олд Трафорд“ и отворено порача дека раководството мора да побара друго стручно име. Иако во јавноста и медиумите како потенцијални кандидати се споменуваат Антонио Конте и Јулијан Нагелсман, поранешниот нигериски репрезентативец има сосема поинаков предлог за излез од резултатската криза.
„Никој од нив. Јас би го избрал Унаи Емери. Не мислам дека ќе ја напушти Астон Вила, но слушај, ако му дадеш одврзани раце… Ако му дадеш неограничен буџет и кажеш: ‘Слушај, Унаи, не сакаме повеќе да работиме вака. Уморни сме, навивачите се презаситени од сè што се случува во клубот. Сакаме да почнеме од нула и веруваме дека ти си вистинскиот човек за работата’“, рече Микел.
