Шефот на канцеларијата на Виктор Орбан, Гергели Гуљас, на прес-конференција на која ги објавил новите мерки истакнал дека само вакцините можат да обезбедат заштита од Ковид-19 во време кога расте бројот на заразени.

-Советите на владата се сите да се вакцинираат со бустер доза која може да се прими четири месеци по втората доза, рече Гуљас.

Унгарија денеска имала 10.767 нови случаи, што е највисок дневен број од средината на март. Уште 131 лице починало во изминатите 24 часа.

Дневниот број на новозаразени се приближува до рекордот од 11.265, што се случил за време на третиот бран на пандемијата.

Унгарија во моментов на сила нема речиси никакви ограничувања, а стапката на вакцинација е далеку под просекот на ЕУ.

Зголемувањето на бројот на новозаразени ја принудило вчера Унгарската лекарска комора да повика на нови мерки .

Комората побарала забрана за масовни настани и задолжително носење маски во затворени простории. Институцијата исто така сака да се влегува во ресторани, кина и театри само со ковид-потврда, пренесува Ројтерс.