Унгарија ќе распореди војници во близина на границата со Украина, делумно како дел од подготовките за хуманитарни задачи, соопшти денеска Министерството за одбрана.

„Безбедноста на Унгарија е најважна, ја зајакнуваме украинско-унгарската граница“, се наведува во соопштението.

Во соопштението на унгарското Министерство за одбрана се посочува дека поради украинско-руската криза, одбраната на границата и подготовките за хуманитарната мисија се подеднакво важни задачи.