Тој посочи дека долгорочниот договор на Унгарија за снабдување со природен гас од Русија наскоро завршува и земјата е подготвена да склучи нов долгорочен договор со Гаспром.
– Сега сме во завршна фаза на подготовка на овој документ, а во понеделник во Санкт Петербург ќе разговараме за конечните детали со извршниот директор на Газпром, Алексеј Милер. Мислам дека наесен ќе можеме да потпишеме 15-годишен долгорочен договор со добри, прифатливи услови за да се обезбеди енергетска безбедност на земјата, посочи Сијарто.