Столтенберг за време на коментарите на разговорите на лидерите на Г-7 рече дека неколку стотици вработени и соработници на НАТО обезбедиле критични услуги, како што се контрола на летање, снабдување со гориво и комуникација на аеродромот, соопшти Алијансата.

Тој рече и дека НАТО, исто така, ја презела координативната улога, со цел да се обезбеди евакуација на луѓето што е можно поефикасно.

Столтенберг, исто така, рече дека главниот приоритет на НАТО е да се осигури дека Авганистан повторно нема да стане платформа за меѓународните терористи, јави ДПА.