Ураганот предизвика значителни штети и поплави во целата држава, предизвикувајќи стравување дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.
Ураганот Ида го остави без струја целиот град Њу Орлеанс, неколку часа откако ја погоди американската држава Луизијана. Енергетската компанија Ентерџи потврди дека Њу Орлеанс е без електрична енергија и дека единствената електрична енергија во градот доаѓа од генератори.
Националниот центар за урагани соопшти дека Ида ослабела до бура од категорија 3, откако беше ураган од категорија 4 кога стигна до копно.
Ида носеше покриви на згради и предизвика поплави во крајбрежните области на Луизијана. Тоа е една од најсилните бури во историјата на САД. Удри точно 16 години по ураганот Катрина, кој предизвика пустош во Луизијана и Мисисипи.