Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската Комисија, по потпишувањето на ФРОНТЕКС договорот, „твитна“ на македонски јазик.

Твитот е објавен исторемено на англиски и македонски јазик.

– Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен. Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција. Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик. На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ, напиша фон дер Лајен на Твитер.