Утре, 02.10.2026 година (петок), во 12:00 часот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе пристигне и ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Во рамки на посетата, во 12:10 часот е предвидена тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на која пред почетокот медиумите ќе имаат можност да направат кратки видеоинсерти и фотографии.
Потоа следува работен ручек на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со премиерот Мицкоски и членови од владиниот кабинет.
Во 13:45 часот предвидено е да се одржи заедничка прес-конференција на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Мицкоски во Медија центарот на Владата.
