Анета Антова-Пешева, јавна личност и влијателна бизнис лидерка, јавно ја отвори темата за оставката на Ленче Ристоска, но наместо формална реакција, испрати директна и остра порака за целиот проект на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Во својот коментар таа не жали за оставката, туку потсетува дека вистинската одговорност требало да дојде многу порано – уште во времето на Катица Јанева.

Прашањето што го поставува е суштинско: „Ако тогаш не се повлекоа, зошто денес“?

Пораката оди и подлабоко. Антова-Пешева отворено зборува за „гломазен“ правосуден систем кој постои на хартија, но не и во суштина и за чувство дека политичкото влијание никогаш навистина не исчезнало.

Особено значајно е што ова не доаѓа од политички противник, туку од кругови кои досега ретко јавно го проблематизираа СЈО и неговото наследство.

Кога и вакви гласови почнуваат да го рушат митот, станува јасно дека приказната за „недопирливите“ одамна е завршена.