Вечерва во 22:14 часот во дебарско почувствуван е земјотрес, кој ги вознемири посебно жителите во Дебар, каде истиот беше и најсилно почувствуван.
Земјотресот кој ги вознемири дебарчани бил со епицентар во Албанија, со јачина од 4,8 степени.
Инаку, слаб земјотрес вечерва имаше и меѓу Пехчево и Берово. Станува збор за земјотрес со јачина 1,9 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот е меѓу градовите Берово и Пехчево, на длабочина од 6 километри.