Претпладнево нова сообраќајна незгода се случи кај зградата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје.
Во сообраќајката учествуваше автомобил со скопски регистрации кој се заби во заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава.
Имено, скопјанка искршила две столпчиња кои се поставени за заштита на пешаците и велосипедистите и со десната страна на автомобилот успеала да се качи над столпчињата кои очигледно бил поиздржливи.
Ова е втора сообраќајка, откако вчера рано наутро скопјанка со автомобил буквално влета кон зградата и искрши дел од опремата околу зградата откако претходно со автомобилот преминала преку заштитните столпчиња.